Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и други официјални лица на Иран се пронајдени мртви во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, соопштија државните медиуми. Екипите за пребарување ги пронајдоа остатоците од хеликоптерот денеска, еден ден откако хеликоптерот се урна во лоши временски услови во близина на Варзакан, Иран.
Низ фотографии: Иранскиот претседател почина во хеликоптерска несреќа

9
Спасувачки возила се видени по падот на хеликоптерот во кој се превезувал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, во Варзакан, провинција Источен Азербејџан, Иран, 19 мај 2024 година.

10
Спасувачки тимови во близина на местото на инцидентот на хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Варзаган во северозападниот дел на Иран, 19 мај 2024 година. Фотографија обезбедена од новинаската агенција Мој.

11
A helicopter carrying Iran's President Ebrahim Raisi takes off, near the Iran-Azerbaijan border, May 19, 2024. The helicopter with Raisi on board later crashed. (Ali Hamed Haghdoust/IRNA/WANA (West Asia News Agency))

12
Фотографија обезбедена од иранското претседателство го прикажува иранскиот претседател Ебрахим Раиси (центар) на местото Киз Каласи, третата брана заеднички изградена од Иран и Азербејџан на реката Арас, пред церемонија на инаугурација, 19 мај 2024 година.