Ако губиме ние ќе губите и вие: Првомајски работнички протест во Скопје

Your browser doesn’t support HTML5

Линеарно зголемување на платите за 2.806 денари на сите вработени и тоа уште од утре и потпишување општ колективен договор со кој работниците ќе може да ги уживаат сите права кои им следуваат со закон. На работодавачите им беше испратена јасна порака, или ќе се повлече преставката пред уставниот суд со која се оспорува недела како неработен ден или ќе се соочат со штрајк.

Ова се барањата испратени од првомајскиот протест на работниците што се одржа денеска во Скопје, под мотото „Се’ да застане, за работникот да опстане“.