Заедно, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“ по изборите имаат 71 пратенички мандат – ситуација, која по денешната објава на Мицкоски, најверојатно ќе се менува. Засега, неизвесно е дали и ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство.
Преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН за новата Влада
Your browser doesn’t support HTML5
„Твоја Македонија“, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, победникот на парламентарните избори, сега на своја страна има 61 пратенички мандат. Ова денеска попладне го изјави лидерот на партијата и иден мандатар. Мицкоски тврди дека има мнозинство во Собранието.