Изложба на тркачки автомобили во Александрија

Your browser doesn’t support HTML5

Јагуар, Ферари, Астон Мартин.. беа само дел од традиционалната автомобилска изложба во Александрија Вирџинија. Посебна атракција беа моделите чија историја е поврзана со најголемите имиња на тркачките патеки.

Ова е Plymouth Superbird од 1970-та година, каков што возел легендарниот возач Ричард Пети, звезда на трките Дејтона, наречен уште и „Кралот“, познат по тоа што освоил седум титули во НАСКАР.

„Plymouth Superbird од 1970-та година е направен со цел Ричард Пети да се врати во тркачкиот тим на Плимунт. Се произведуваше само една година и има автоматик 440. Овој автомобил изложен овде чини од 165.00 до 220.000 долари“, вели Дејвид Ричардс, колекционер на автомобили

Повеќе возила деновиве беа претставени на традиционалното автомобилско шоу насловено „Брзина и стил“ во Александрија, Вирџинија.

Некои од колекционерите се пасионирани љубители на автомобилите кои решиле да остават свој печат надоградувајќи ги тркачките машини за да бидат побрзи и посилни.

„Ова е Форд Роудстер од 1936 година, но значително е модифициран пред 10 години. Има тандербирд мотор и многу дополнителни делови“, вели Ерик Зауснер, сопственик на Форд Роудстер.

Посебна атракција на изложбата беше најновиот модел на Бентли кој чини 260.000 долари.

„Ова е Бентли 2020, многу специјален модел. Луѓето само што добија можност да го видат. Сега се примаат нарачки“, вели претставникот на Бентли, Дејвид Билгар.

Меѓу изложените модели беше и Форд Санлајнер Конвертибл од 1955 година. Јагуар, Ферари, Астон Мартин.. Високите темпратури не ги спречија посетителите да уживаат во разгледувањето на модели кои не се гледаат секој ден.

Изложбата имаше и хуманитарен карактер. Бејлис Ротари клубот организираше наградна игра во која наградата е тркачки Мустанг вреден 50.000 долари.

Автомобилот ќе му биде доделен на среќниот добитник на 29-ти септември.