ДИК доби донација од САД

Your browser doesn’t support HTML5

ДИК доби донација од САД

Американската амбасада и предаде на македонската Државната изборна комисија (ДИК) донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 средства за дезинфекција како поддршка за безбедно спроведување на изборниот процес.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз не сака да коментира дали пандемијата на Ковид-19 ќе влијае врз одзивот на изборите.

„Ќе треба да видиме каков ќе биде одѕивот на гласачите. Oхрабрени сме од преземените заштитни мерки, од одличната комуникација на Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина. Се надеваме дека тоа ќе биде ситуацијата на денот на изборите за кои гласањето веќе почна денеска и ќе треба да почекаме и да видиме. Но, да повторам, горди сме што можевме да помогнеме преку обезбедување на оваа опрема и се надеваме дека тоа ќе помогне граѓаните да имаат доверба во овие дополнителни заштинтни мерки“ изјави американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз.