Заев верува дека води со најмалку три пратеници, Мицкоски обвини за масовен поткуп на власта

Your browser doesn’t support HTML5

Епилогот од изборите се` уште се чека

Неизвесност околу конечните резултати - таква е атмосферата по вчерашните парламентарни избори. ДИК се` уште пребројува гласови, Комисијата и нејзината интернет страница беа цел на силен хакерски напад, а епилогот од изборите се уште се` чека.

Првичната распределба на мандатите, според ДИК, покажува победа на СДСМ со 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците 12, Левица 2, ДПА 1.

Но, овие податоци засега се непотврдени и дел од партиите ги проблематизраат.

Опозицијата обвини за масовен поткуп на власта. Сепак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека тој треба да формира влада.

„ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за формирање на влада“, вели Мицковски

Владејачката СДСМ уште синоќа прогласи победа со најмалку 3 пратеници.

„Концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова на режимот, конецптот на интеграција го порази концептот на изолација“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Речиси е извесно дека ќе има корекција во првичната распределба на мандати, но и со таква промена јасно е дека формирањето нова влада ќе биде се`, само не лесна задача.