Халцел: Се надеваме дека ќе се назначи професионалец на чело на СЈО што е можно побрзо

Your browser doesn’t support HTML5

Каква било корупција е лоша за владеење на правато, за бизнисот и културата во државата генерално, рече тој

Се надевам дека Владата на САД ќе и` стави јасно до знаење на Владата на Северна Македонија дека специјалниот обвинител е суштински, изјави за Гласот на Америка Мајкл Халцел од Школата за напредни меѓународни студии при универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

„Тоа е од клучно значење за НАТО и ЕУ интеграцијата, и се надеваме дека високо професионална личност ќе биде назначена што е можно побрзо“, рече Халцел.

Тој истакна дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е важно внатрешно прашање на државата.

„Ако Парламентот не гласа за нешто што е од вакво значење ќе биде проблем. Нема да биде добар знак. Каква било корупција е лоша за владеење на правато, за бизнисот и културата во државата генерално“, рече тој.