Како изгледа распределбата на гласовите по општини по првиот круг

Your browser doesn’t support HTML5

Втор круг избори за градоначалници, од поголемите места, ќе има во Штип, Тетово, Гостивар, Струга, како и во скопските Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Сарај, Чаир, Гази Баба

Доминантно сината боја ја отсликува победата на СДСМ и коалицијата, наспроти ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на доскоро неприкосновената партија е поголем, ако се има во предвид дека во првиот круг социјалдемократите освоија речиси 40 градоначалнички места и тоа во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Охрид, Велес, Гевгелија, Кратово, Кочани, Дојран, Радовиш, Ресен, како и скопските Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром. Синоќа се славеше пред зградата на владата.

„Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите“, истакна премиерот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ, во првиот круг доби градоначалници во Илинден, Петровец, Сопиште. Груевски обвини дека имало бројни нерегуларности, но и дека по изборите ќе се анализира резултатот.

„Како претседател на партијата имам најголема одговорност – за сето тоа, за причините и за идниот правец ќе се дискутира во периодот по изборите“, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Втор круг избори за градоначалници, од поголемите места, ќе има во Штип, Тетово, Гостивар, Струга, како и во скопските Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Сарај, Чаир, Гази Баба.