Во Струга, со палење на фестивалскиот оган, и рецитирање на антологиската песна Т’га за југ од Константин Миладинов, на неколку јазици, беше означен почетокот на 63-то издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Your browser doesn’t support HTML5
Отворено 63-то издание на Струшките вечери на поезијата
Поетската порака од име на поетите ја прочита истакнатиот македонски поет, Веле Смилевски. Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“.
Струшки вечери на поезијата 2024
Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат пат песната Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо. Вечерта продолжи со поетското читање „Меридијани“, каде поезија читаа дел од поетите учесници.
На најпрестижната поетска манифестација ќе настапат 25 странски поети, и десеттина домашни. Добитник годинава на наградата „Златен венец“ е францускиот поет, Жан Пјер Симеон.