Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон славел Божиќ со камила и торта со рум

Your browser doesn’t support HTML5

Шести јануари бил 12-ти ден Божиќ во куќата на првиот американски претседател, во која денес може да се види празничната традиција од 18. век

Божиќ во САД во 18. век се славел и на 6-ти јануари, за разлика од денес кој се празнува само на 25 декември. Согласно тогашната традиција, Божиќ се славел 12 дена, особено во куќата на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

На овој датум, исто така, претседателот Вашингтон се оженил со неговата сопруга Марта Вашингтон.

Овие детали ги открива музичарот и историчар Дон Франциско, кој за време на празниците се обидува да ја доближи тогашната божиќна музика пред посетителите на претседателскиот имот, кој се наоѓа во близина на Вашингтон.

Од видеото ќе слушнете како се славел Божиќ во домот на претседателот, кој уживал да јаде овошна торта полеана со виски и рум, а секоја година, традиционално, носел камила за да ги израдува најмладите.