Наама Леви, 19-годишната Израелка која припадници на Хамас ја киднапираа на 7 октомври, сè уште е во заробеништво во Газа. Израелската професорка Рашела Леви Друмер, вели дека биле упатени барања до македонските власти да асистираат за ослободувањето на киднапираната девојка.
Основа за тоа барање е далечното македонско потекло на 19-годишната Наама, за која се вели дека има македонски корени поврзани со нејзината чукун-баба, родена во Скопје.
Your browser doesn’t support HTML5
Леви Друмер: Македонско државјанство може да биде спас за Наама
Професорката Друмер, која исто така е со македонски корени, деновиве е во Скопје, и се надева дека ќе успеат во мисијата за ослободување на Наама.
„Не се знае ништо за неа, немаме никаква информација. За жал. Многу се надевам дека Наама, како правнука на баба ѝ, која била родена во Скопје, ќе добиеме поддршка од Македонија, за на хуманитарна база, ако успееме, Македонија да ѝ даде на Наама македонско државјанство. Веруваме дека тоа може да ѝ помогне да биде ослободена“, вели Друмер.
Рашела Шели Леви Друмер деновиве е во Скопје. Вели дека ги замолуваат македонските власти, од хумани причини, да ѝ дадат македонско државјанство на Наама, за да се спаси од Хамас
Глас на Америка: Дали добивте некаков одговор од македонските власти или некаква назнака дека ќе помогнат?
За жал, не добивме ништо официјално. Пробавме, но за жал во моментов, нема ништо официјалноЛеви Друмер
„За жал, не добивме ништо официјално. Пробавме, но за жал во моментов, нема ништо официјално. Ќе пробаме во секоја можна прилика. Знаeме дека тоа е до министерството, и до претседателот на државата. Многу би сакала... Молиме, Македонија да помогне“, додава Друмер.
Професорката, воедно има барање до македонските власти и официјално да го поддржат ослободувањето на лицата од Израел што Хамас ги држи како заложници.
SEE ALSO: Хамас киднапирал и девојка со корени од Македонија, семејството бара нејзино спасување„И мислам дека има место за Македонија, како држава пријател да даде една официјална изјава со која поддржува ослободување на сите заробени што се во Газа. Многу држави низ светот дадоа таква изјава. И, од Македонија, со која се чувствуваме како два блиски народа очекуваме да го чуеме тој глас“, додава Друмер.
Во заробеништво кај Хамас сè уште се останати 137 киднапирани Израелци. Меѓу нив е и 19-годишната Наама Леви.