Станува збор за жена, родена 1970, која пред десетина дена се вратила од Италија. Таа е сместена на инфективната клиника во Скопје. Таа подолг период престојувала во Италија, и десетина дена не се чувствувала добро. Надлежните апелираа да нема паника во јавноста.
„Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста.“, коментира Венко Филипче, министер за здравство.
„Таа е на интензивна нега и е под будна нега. Тоа што е во интензивна нега значи дека е во изолација, таа е свесна, будна и дише самостојно, изјави Жарко Караџоски, Институтот за јавно здравје.
„Подготвени сме, институциите се спремни да реагираат.“, изјави Оливер Спасовски, технички премиер.