Заев: Ќе гласам ЗА за доброто на нашите деца

Your browser doesn’t support HTML5

Завршна порака на премиерот пред референдумот

Порака од премиерот до гласачите

„На 30 септември, секој од нас треба да стави тула во изградбата на подобра македонска иднина – да помогнеме да станеме земја членка на најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО, и рамноправна земја во најсилната економска заедница во светот – Европската Унија. Вие, граѓаните го имате клучот да ја направите нашата држава членка на европското семејство. Знам, треба да направиме отстапка и да прифатиме географска одредница кон името Македонија, но нашиот идентитет никој повеќе нема и не може да го порекне. Гордата македонска земја се здоби со целосно признавање на нашиот македонски народ, нашиот јазик, нашето наследство. Нашиот македонски јазик е заштитен. Нашиот македонски идентитет е обезбеден засекогаш. Химната, знамето остануваат исти и заштитени. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци! Затоа јас ќе гласам. За доброто на нашите деца“, изјави премиерот Заев во обраќањето до гласачите.