„Во Западниот Балкан ќе ја зајакнеме нашата политичка посветеност на отпорност, стабилност и безбедност на регионот, како и негова постепена интеграција во ЕУ...“, пишува во програмата на Шпанија која до крајот на годината ќе претседава со Унијата.
„Потегот на САД е само потврда дека на македонскиот правосуден систем му треба ремонт“ – коментира премиерот по одлуката на Вашингтон да му забрани влез на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, и на неговото семејство, во Америка.
„Подготвувајќи се за денешниот настан, покрај други материјали го прочитав и моето обраќање од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо битно нема да пропуштам“, рече поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.
Ковачевски би му ја предал функцијата на Мицкоски иако смета дека тој треба да остане премиер во процесот на измени зашто тој ја презел одговорноста. Во овој пакет за одоброволување на ВМРО-ДПМНЕ останува и понудатата социјалдемократите да отстапат пет од своите десет министерски позиции.
На две различни локации, со два силно спротивставени табори – така ДУИ ја одбележа 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата прослави во Скопје со панел-дискусија за потребата од формирање на т.н „Европски фронт“...
Со денешното ново одлагање на седницата, се засилуваат шпекулациите дека случувањата во Судскиот совет се резултат и на напорите за заштита на одредени судии, меѓу кои и такви кои со месеци во фиока држат високопрофилирани предмети се до нивно застарување.
Вчитај повеќе