Гласот на Америка синоќа ги следеше изборите во Флорида кај поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој ја победи актуелната потпретседателка Камала Харис по прогласувањето победи во неколку клучни држави.
Сега е јасно дека го постигнавме најневеројатното.. Погледнете што се случи. Дали е ова лудо? Но, тоа е политичка победа каква што нашата земја досега не видела, рече Трамп кој упати благодарност што е избран за 47ми претседател на САД
Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, рече избраниот американски претседател Доналд Трамп на неговото обраќање рано утринава до симпатизерите во Вест Палм Бич, Флорида, каде што се наоѓаше и неговиот главен изборен штаб.
Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47-ми претседател на САД Откако беше објавено дека победил и во Висконсин и Алјаска, Трамп го надмина прагот на 270 освоени електорски гласови и официјално го потврди своето враќање во Белата куќа, во јануари.
Во тесната трка Трамп обезбеди најмалку 277 од 538 расположливи електорски гласови. Демократската кандидатка Камала Харис, пак, која се обиде да стане првата жена избрана за претседател на САД освои 224 електорски гласови
Републиканскиот кандидат за нов претседателски мандат, Доналд Трамп, се прогласи себе си за победник на обраќање пред симпатизерите во Флорида. Обраќањето се случи при 267 (од потребни 270) електорски гласови за Трамп, наспрема 214 освоени електорски гласови за демократската кандидатка Камала Харис
Мапата е достапна на нашата интернет страница, како и на овој линк. Првичните резултати почнаа да пристигнуваат после еден часот по полоноќ, по македонско време
Првите битки со севернокорејските војници отвораат нова страница на нестабилност во светот, рече Володимир Зеленски во неговото редовно обраќање кон украинската нација. Сепак, од Пентагон истакнаа дека не можат да ги потврдат информациите за вклучување на севернокорејските сили во борбени дејствија.
Започна гласањето на изборите за претседател на САД. Повеќе од 80 милиони Американци веќе гласаа предвремено или преку пошта.
Кон крајот на септември, рускиот парламент го поддржа новиот закон што ќе им отежне на некои луѓе да посвојуваат деца од Русија. Некои поборници за посвојување велат дека законодавството е дизајнирано да го казни Западот. Известува тимот на Гласот на Америка на руски јазик.
Првите претседателски избори во САД се одржале помеѓу 1788 и 1789 година, со учество на само 10 држави и победник кој бил однапред одреден. Сепак, традицијата на избори продолжува до ден-денес.
Украинската војска објави дека соборила 50 руски дронови
Отровна пена слична на детергент ја покри реката Јамуна во Њу Делхи
Израел испраќа војници во Сирија
Дали некогаш сте се запрашале зошто претседателските избори во Америка секогаш паѓаат во вторник? Традицијата се протега наназад речиси 200 години од времето кога САД изгледаа многу поинаку од тоа што се денес.
Натурализираните имигранти сочинуваат една десетина од сите Американци со право на глас во 2024 година. Какво влијание може да имаат на изборите?
Бизарни моменти од изборите во САД Како што САД се приближуваат кон уште една интензивна изборна сезона, главното прашање е: какви необични настани ќе додадат изборите во 2024 година во политичката историја на САД?
Босанската река Неретва преплавена од отпад по поплавата. Десетина доброволци викендов ја чистеа реката Неретва откако остатоците и отпадот донесени од неодамнешните поплави ја блокираа браната во близина на електраната Грабовица.
Американците ќе излезат на гласање на 5-ти ноември за да го изберат следниот претседател на САД. Сепак, бројот на гласови не одредува кој кандидат ќе победи во Белата куќа. Изборниот колеџ го има последниот збор. Но, како функционира тоа?
Вчитај повеќе