Дванаесет невладини организции од Северна Македонија, бараат од македонските власти, да испрати хуманитарна и медициска помош во Газа, а по завршувањето на воените дејствија, државата да прифати на рехабилитација и бесплатно лечење деца од Газа, кои изгубиле дел од своите екстремитети.
Дванесет невладини организции од Северна Македонија, бараат од македонските власти, да испрати хуманитарна и медициска помош во Газа, а по завршувањето на воените дејствија, државата да прифати на рехабилитација и бесплатно лечење деца од Газа, кои изгубиле дел од своите екстремитети.
Испраќањето новогодишна честитка на најблиските, некогаш беше традиција, но денес се помалку луѓе го прават тоа. Граѓаните велат дека дигитализацијата, односно интернетот и мобилните телефони си го направиле своето. Автор: Мики Трајковски
Подеми, падови, радости, предизвици се дел од бројните искуства што македонските граѓани ги имале во текот на 2023 година. Заедничко за сите е што посакуваат успех, здравје, спокој за себе, за своите блиски и за општеството.
Војни, протести, сиромаштија, но и лични радости и предизвици: Граѓаните со свои спомени за 2023 година
„Петарди не, безбедност пред сè“ е реактивираната кампања на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а чија цел е да им се укаже на учениците и на сите граѓани за можните закани по здравјето од употребата на петардите.
Вознемирувачка содржина: Петардите можат да ве осакатат за цел живот „Петарди не, безбедност пред сè“ е кампања на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а чија цел е да им се укаже на учениците и на сите граѓани за можните закани по здравјето од употребата на петардите.
Екологистите во Охрид забележуваат зголемено загадување во изминатите четири-пет години. Според нив, еден од проблемите е во новоизградените згради поради кои нема проток на воздух. За Гласот на Америка од Охрид известува Мики Трајковски.
Во голем процент овој алерт систем помага во брзината на дистрибуција на информации. Од она што постои како статистики од 80-90 посто е процентот на наоѓање на исчезнатите во првите 72 часа, вели Александра Радевска од невладината организација „Новинари за човекови права.
Заменик народниот правобранител на Северна Македонија, Јован Андновски, иницирал формирање тело, во кое ќе членуваат македонскиот и омбудсманите на уште две други држави, кои би биле прифатливи и за Украина и за Русија, а кое би работело на идентификација и враќање на децата.
Заменик народниот правобранител Јован Андновски, иницирал формирање тело, во кое ќе членуваат македонскиот и омбудсманите на уште две други држави, кои би биле прифатливи и за Украина и за Русија, а кое би работело на идентификација и враќање на украинските деца насила изнесени во Русија.
Дополнителен аларм е што државата со години одвојува многу малку средства од државниот буџет за санирање на овој сериозен еколошки проблем. За 2023-та година беа одвоени 0.6 отсто за заштита на животната средина, вели Ели Пешева од Иницијативата О2
Активисти алармираат: Рекордно ниски се ставките за заштита на животната средина „Државата со години одвојува многу малку средства од државниот буџет за санирање на овој сериозен еколошки проблем. За 2023 беа одвоени 0.6 отсто за заштита на животната средина, вели Ели Пешева од Иницијативата О2
Кој и да победи на претстојните парламентарни избори, сметам дека ќе ги донесе уставните измени, што ќе биде поразително на долг рок. Ќе се гледа дека ќе имаме изгубено многу време, кое сме можеле да го инвестираме многу попаметно во многу реформи, вели Димитар Николовски од „Евротинк“.
Вчитај повеќе