Во ноември истекува мандат на уште еден уставен судија и доколку не се изврши избор и комплетирање на судиите, од декември Судот веќе нема да може да држи седници. Изборот на судии во Уставниот суд е закочен во Собранието со месеци
Цените на основните прехрамбени производи, металите и горивата растат побрзо од прогнозите на експертите. До кога и колку никој повеќе не може да предвиди. Граѓаните се потешко врзуваат крај со крај во месецот
Пред нашите очи се случува чудо, ние сме дел од тоа чудо кажа српскиот Патријарх г.г. Порфириј пред да ја соопшти долгоочекуваната вест дека Соборот на СПЦ едногласно го прифати барањето на МПЦ за автокефалност.
Прифатени се и барањата на Синдикатот и на сите просветни работници кои штрајкуваа ќе им биде исплатена целосна плата. Препораките од процесот на помирување треба да поминат пред Советот на СОНК пред да се потпише спогодбата. Рокот за потпишување е десет дена
Во периодот од 2011 до 2021 година, од државниот Буџет се исплатени 26,5 милиони евра кон политичките партии во државата. Помалите партии мора да коалицираат на локалните или парламентарните избори а за независните кандидати или граѓански листи речиси и да нема пари како и мандати.
Одлуката на Вселенската Патријаршија за канонизација на МПЦ - ОА наиде на негативни реакции во Србија и Бугарија
Усвоена е Препорака по која преговорите треба да се движат и во наредните 10 дена а во кои треба да се договори покачувањето на платите во основното и средното образование и роковите за потпишување на колективни договори. Доколку договор не се постигне генералниот штрајк повторно стапува на сила
Македонскиот јазик е признаен во светот и не потекнува од бугарскиот порачаа академците од МАНУ и од катедрата за македонски јазик на денешната прослава на Денот на македонскиот јазик, во период кога е оспоруван од соседна Бугарија
Во Собранието се закочени два закони со кои нападите врз новинарите и медиумските работници ќе се гонат по службена должности ќе се намалат драконскте парични казни за медиумите и новинарите
СОНК и образование ќе го решаваат спорот со помирување откако тоа го побара министерството за образование а министерството за труд и социјала се согласи и назначи медијатор. Преговорите ќе траат најмногу до 20 дена и во тој период, според Законот, не може да има Генерален штрајк
Осум отсто е уделот на нафтени деривати во земјава увезени од Русија. Без разлика каква одлука да донесе Русија околу снабдувањето со природен гас во земјава, влијанието ќе биде минимално, смета министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак надлежните состојбата ја оценуваат како комплексна
Вчитај повеќе