Цените на енергенсите продолжуваат да растат, гасот утрово повторно ја проби бариерата од 3 илјади долари, нафтата е на рекордни 126 долари а струјата на слободниот пазар чинеше речиси 600 евра за мегават час
За само еден месец трошоците се зголемиле за еден отсто, цените на мало за 1,2 отсто а инфлацијата за 1,3 отсто. Споредено со истиот период минатата година растот на цените на мало е над 8 отсто а кај трошоците за живот над 7 отсто.
Сертификатите важат за угостителските објекти во склоп на моловите. Ризичните категории на граѓани, околу 260 илјади лица, ќе бидат повикани да се ревакцинираат или да примат „бустер“ доза. Бројките паѓаат, Комисијата размислува за постепено олабавување на рестрикциите
Министерот за економија, Крешник Бектеши тврди дека има доволно резерви, нема потреба од паника бидејќи ќе се избегнат ценовни шокови и обвини дел од трговците дека манипулирале со залихите за да ги продваат поскапо. Граѓаните очекуваат поскапувања и дополнителен удар на домашниот Буџет
Декрет за општа мобилизација во Украина и забрана за напуштање на државата на сите мажи до 60 години. Тенковски и оклопни единици на руската армија се на десетина километри од украинскиот главен град. Срушен мост за да се спречи влез на руската војска во Киев.
Експлозии се регистриранаи во Киев, Одеса, Харков, Мариупол. Руски трупи влегуваат во Украина од повеќе прваци и од Белорусија. Ракетирани е повеќе аеродроми. Украинските власти потврдија дека во тек е инвазија врз државата и дека досега собориле пет авиони и еден хеликоптер.
Планот на здравствените власти е со скринингот да се опфатат околу четири илјади граѓани и тоа илјада во Скопје и три илјади во останатите градови, што е доволен репрезентативен примерок за степенот на имунизација врз кој потоа ќе се креираат и градат мерките за превенција
По речиси еден час целосен мрак и период со чести прекини, снабдувањето со струја на Скопје но и на Штип и Свети Николе се нормализираше. МЕПСО приклучи на мрежата 400 киловатната трафостаница „Скопје 4“ во населбата Пинтија преку кој речиси цело Скопје се снабдува со струја.
Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно од април и ќе опфати над 80 илјади работници кои во просек ќе добијат 45 евра поголем личен доход. Владата ќе одвои 16 милиони евра од Буџетот за субвенционирање на придонесите. Работодавачите без став околу одлуката
Инвестициите се клучни, инвеститорите не смеат да се соочат со пречки и затоа ќе можат да алармираат кај највисоките политички инстанци. Поддршка на стартапи и компании, можности за заедничко финансирање проекти од важност за двете држави е договорено во рамките на заедничка економска група
Речиси 12 илјади нови случаи за една недела, 148 пациенти починаа како последица на коронавирусот. Секој трет ПЦР тест е позитивен. Досега се реинфицираа речиси шест и пол илјади лица. Болниците се полнат, 671 хоспитализиран, се отвараат ковид центри во Клиниките
Потпретседател е и Гордана Димитриевска-Кочовска. Во Извршниот комитет влегуваат аналитичарот Сашо Клековски, докторот Ристо Симеонов, актерот Зоран Љутков, пратениците Ели Панова и Миле Лефков, како и портпаролката Марија Митева.
Од Кабинетот нема информација дали на средбата станало збор за пресудите на Советот на Европа за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија и одбивањето на бугарските власти да ги регистрираат граѓанските здруженија.
Опозицијата побара законските измени да се носат по скратена постапка и уште еднаш побара предвремени избори. Со укинување на „пржинската влада“ е отвара пат кон брзи предвремени избори. Владеачката коалиција смета дека е потребен консензус на четирите најголеми политички партии
62 гласа „ЗА“ беа доволни за избор на новата Влада. 46 пратеника беа против. Два дена траеше собраниската седница на која владеачката коалиција и опозицијата си разменија низа обвинувања. Ковачевски најави дека со работа почнува веднаш
Економски раст, инвестиции, борба против корупцијата, зголемување на платите и пензиите, економско - енергетска стабилност, завршување на крупни инфраструктурни проекти се приоритетите на Владата кои ги презентираше мандатарот Коначевски пред пратениците
„Омикрон“ сојот доминатен и во државата. Болниците почнаа да се полнат, надлежните сеуште без дополнителни мерки. На удар е младата популација. Седум пати повеќе реинфекции во една недела. Онлајн или физичка настава ќе се одлучува дополнително
Битиќи, Спасовски и Бочварски остануваат на своите позиции, Маричиќ седнува во фотељата на Димитров а правда ќе ја води универзитетскиот професор Никола Тупанчевски. Ковачевски утре во Собранието ќе го достави предлог составот на новата Влада и програмата
Секој седми тест направен вчера бил позитивен. „Омикрон“ сојот на вирусот почнал да се шири низ државата многу порано пред да биде детектиран. Оваа вeрзија на коронавирусот веќе е доминантна меѓу новите регистрирани случаи. Речиси 60 отсто од секвенционираните позитивни примероци се „Омикрон“ сој
Вчитај повеќе