Москва смета дека Македонија и регионот ќе претрпат негативни последици ако државата влезе во НАТО. Премиерот Заев одговори дека иднината на Македонија е во НАТО.
Опозициските пратеници ќе ја бојкотираат работата на Собранието, а премиерот Заев по серијата протести пред домовите на пратеници од неговата партија, најави дека ќе стори се` што е можно да ги заштити нивните деца и најблиските
За едни, повреди на Деловникот, за други кршење на Уставот од страна на претседатело. Уставниот суд ќе биде тој што ќе одлучи, но само откако законот ќе стапи на сила и ќе биде објавен во Служебниот весник. За се објави, потребни се врзани потписи од претседателот Иванов и спикерот Џафери
За законот гласаа 64 пратеници. На гласањето не му претходеше амандманската расправа која ја бараше опозицијата. Собраниското обезбедување спречи поголем инцидент и физичка пресметка меѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и спикерот Талат Џафери
Повод за протестот се заканите и навредите упатени кон претседателот на Здружението на новинари од страна на висок функционер на ДУИ и неговиот брат но и непостапувањето на надлежните институции
САД остануваат искрен пријател на Македонија, а Владата мора да ги понесе позитивните промени за иднината на државата, порачал американскиот сенатор
Министерот Димитров го запозна сенаторот Марфи со текот на реформите како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција во правец на надминување на разликата околу името. Двајцата ја констатираа важноста за што побрз прием на Македонија во НАТО
Државниот завод за статистика го урна стереотипот дека жените се полоши зад воланот, но го потврди фактот дека жените се помалку платени
Оставките следуваат по скандалот со лажираните и фалсификувани сметки преку кои членовите на Антикорупциска подигале илјадници евра за патни трошоци. Обвинителството веќе ги проверува наводите на државните ревизори
Дел од пратениците на СДСМ најавиле дека нема да го поддржат законот. Собранието нема да работи наредните седум дена за да се постигне договор и да се соберат потребните гласови. Спикерот најави дека нема да им дозволи на пратениците од опозицијата расправа по поднесени 35 илјади амандмани
Американскиот амбасадор ги повика политичките фактори во државата поддршката на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО да ја преточат во политичка волја
Претседателот на Европската Комисија (ЕК), Жан Клод Јункер, ја почна балканската турнеја со посета на Скопје, каде пристигна со еврокомесарот Јоханес Хан. Тој истакна дека не носи датум за преговори и додаде дека историјата и географијата мора да се помират
Оцени дека регионот се соочува со многу проблеми, наведувајќи ги големоалбанските аспирации
За пет години Македонија падна повеќе од педесет места на светската скала на индекс за корупција. Борба против корупцијата има само на хартија, се вели во новиот извештај
Официјалните податоци на УНИЦЕФ, во рамките на кампањата „За секое дете, живот“, покажуваат дека во регионот Македонија има најголема стапка на смртност кај новороденчињата во првиот месец по раѓањето
Име со географска одредница е одговорот на премиерот Зоран Заев, по прозивките на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, македонската страна да излезе јавно со предлог кој е прифатлив за решение на спорот со името
Медијаторот се сретна со комплетниот државно-политички врв на Македонија. Оптимизам има од двете страни дека деценискиот спор со Грција околу името, може и ќе се реши. Црвена линија има, тоа е македонскиот идентитет којшто не е дел од спорот и не смее да има било какви преговори
Премиерот Зоран Заев изјави дека е оптимист оти може да дојде до национален консензус по ова прашање
Вчитај повеќе