Со скандирања, аплаузи, свирежи, веење знамиња, како и со оддавање почит на паднатите револуционери помина годинашното одбележување на 2 Август, Илинден
Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка
Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.
На властите во Северна Македонија им се препорачува да спроведат построги истраги, да ги гонат и осудат осомничените трговци со луѓе, како и да не се заобиколуваат официјални лица за кои има сомнежи за соучество
Овој процес е голема можност за вас да направите една самооценка на вашите политики и законодавство за да утврдите до каде сте во исполнувањето на критериумите, рече еврокомесарот Вархеји
Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде надграден со другите идентитети, кои се надополнуваат.. Ни требате, ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет, рече високиот претставник на ЕУ
Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како енергетика и транспорт. Ќе ја максимизирате употребата и ефектот од финансиите од ЕУ, рече Урсула фон дер Лајен обраќајќи му се на премиерот Ковачевски
Чешкиот премиер, Петр Фиала ја објави одлуката на Европскиот совет и воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех
Ова е компромисно решение, ние ги добивме трите најважни прашања за нас, додека Република Бугарија доби Втора меѓувладина конференција условена со уставни измени, рече министерот Бујар Османи на јавната презентација на потпишаниот протокол со Бугарија
Во делот за измени во учебниците, во протоколот се посочува дека Комисијата за историски прашања ќе ги носи главните одлуки
Министерот Османи најави дека во вторник, на 19 јули, со одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, всушност почнуваат и преговорите за членство во Унијата со скрининг врз нашите институции
Бугарија е држава која најсилно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе стигнат таму каде што граѓаните на Северна Македонија сакаат најмногу да стигнат, а тоа е ЕУ, рече Генчовска
Во протоколот, се спомнуваат билатерални препораки за избегнување говор на омраза, избегнување територијални претензии, заеднички одбележувања на историски личности и настани, измени во учебници по историја и географија
Деталната и целосната верзија од протоколот за јавноста ќе биде објавен утре, после неговото потпишување во Софија
Имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговорите, рече премиерот Ковачевски
Неколку стотини лици излегоа на протест пред Собранието да изразат незадоволство кон францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ
Во делот од маршрутата што поминува покрај плоштадот каде минатата недела беше употребено огнено оружје, денеска имаше засилено полициско обезбедување, а специјална полициска единица беше распоредена и на влезовите кон Старата чаршија
Преговорите за членство во ЕУ да не се прекинат, но во Унијата да влеземе како Македонци, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во разговор за „Гласот на Америка“ и тврди дека Европската унија во иднина би ја изгубила атрактивноста.
Преговорите за членство во ЕУ да не се прекинат, но во Унијата да влеземе како Македонци, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во разговор за „Гласот на Америка“ и тврди дека Европската унија во иднина би ја изгубила атрактивноста
Вчитај повеќе