Во селото Битуше, празникот Водици се одбележува сосема поразлично од кое било друго македонско село или град. Жените, наречени кумстарки, се облечени во народни носии, пеат изворни песни за здравје и први седнуваат на маса, додека мажите чекаат надвор. Наместо еден, има два крста.